“Неодамна, стана модерно кај нас, Британците, да се купи недвижен имот во Бугарија. Од една страна, навистина убавата природа што можеме само да ја сонуваме овде, а од друга – ниските цени на селските куќи и атрактивните понуди на имот во затворени комплекси, превагнуваат за одлука за ваква навидум профитабилна зделка.
Но, пријатели, не правете ја оваа грешка што ја направив, не купувајте имот во Бугарија, не стапнувајте таму, не правете бизнис и избегнувајте какви било контакти со Бугарите, затоа што од другата страна (…) тежи неискажливата прос*отија на бугарскиот народ…“
Ова е дел од текстот наизвесен Едвард Стрнс, Британец кој бугарскиот портал Пловдив 24.бг одлучил да го објави поради, како што велат убиствената иронија во него, но и поради тоа што текстот доби голем публицитет( во британската јавност.