Регион 10. октомври 2018. / 11:26

Брисел: Неизвесно e продолжувањето на преговорите Белград-Приштина

Брисел: Неизвесно e продолжувањето на преговорите Белград-Приштина

Официјален Брисел засега молчи за можниот рок за продолжувањето на разговорите помеѓу Белград и Приштина, иако новата рунда на највисоко политичко ниво од седиштето на ЕУ беше најавена за крајот на минатиот месец, пишува „Данас“.

Дипломатски извори за „Данас“ неофицијално тврдат дека е неизвесно дали во октомври воопшто ќе се сретнат српскиот и косовскиот претседател, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

„Се стекнува впечаток дека ЕУ се помалку владее со ситуацијата во решавањето на косовскиот проблем, што покажува дека и покрај желбата на Федерика Могерини немаше средба помеѓу Вучиќ и Тачи минатиот месец“, наведува весникот