Регион 01. август 2018. / 17:56

Босна: Мажи маскирани во полицајци ограбувале мигранти

Босна: Мажи маскирани во полицајци ограбувале мигранти

,,Полицајците” ограбиле 12 700 пари во вредност од конвертибилни марки (6 350 евра). Доцна синоќа е уапсена и една жена , која учествувала во грабежот. Разбојниците, како што пишуваат босанските медиуми ,с е договориле да пресретнат комбе со мигранти и да се претстават како полицајци , а потоа да им ги земат парите , мобилните телефони и сите вредни предмети.

Едниот од нив позајмил комбе од соседот, за да ги превезува мигрантите , а другите двајца набавиле униформи и пластични пиштоли. Се скриле на локален пат во близина на местото Влаково. Таму го пресретнале комбето и ги ограбиле мигрантите. Во комбето имало и едно десетгодишно дете. Еден од мигрантите излегол од комбето и ги молел да не ги тепаат , а друг им понудил пари за да ги пуштат да продолжат со патувањето.

Од украдените 12 700 марки, главниот во акцијата сакал да земе половина од пленот , а остатокот од парите да го поделат другите ограбувачи.