Регион

Босна и Херцеговина за мигранти ќе добие 6 милиони евра од ЕК

Босна и Херцеговина за мигранти ќе добие 6 милиони евра од ЕК

Европската Комисија денеска одобри шест милиони евра поддршка за Босна и Херцеговина за справувањето со миграциските предизвици.

Фондовите треба да и помогнат на земјата да ги спроведе мерките за идентификација, регистрација, сместување и други основни услуги за мигрантите и бегалците кои поминуваат низ оваа земја.

Овие шест милиони евра треба да се додадат не веќе одобрените еден и пол милион евра во јуни итна хуманитарна помош.

Босна и Херцеговина во последните месеци се наоѓа на новата миграциска рута за бегалците и мигрантите откако беше затворена балканската рута која поминува низ Македонија.