Во моментов на територијата на Босна и Херцеговина има околу четири илјади мигранти, воглавно економски, од кои 99 проценти од случаите немаат документи за идентификација. Ова го изјави директорот на службата за работа за странци во Босна и Херцеговина, Слободан Ујиќ, пишува „Ал Џезира“.
Според неговите зборови, мигрантите во повеќе од 90 проценти од случаите бараат меѓународна заштита, која подоцна ја злоупотребуваат.
Директорот на Службата за работи со странци истакнува дека мигрантите не планираат да останат во Босна и Херцеговина, која ја користат само како транзитно подрачје.