Полицијата од Бања Лука вчера пронашла и идентификувала мигрант кој во еден трговски центар украл мобилен телефон во вредност од околу 400 конвертибилни марки.
Како што соопштиле од полициската управа на Бања Лука, службениците го уапсиле О.Л. од Сирија, кој е осомничен дека во трговски центар, го искористил невнимението на оштетениот и украл мобилен телефон.
–Мобилниот е најден и вратен на сопственикот, а после комплетирањето на предметот, против него ќе биде доставен и извештај до надлежното обвинителство.