Бугарскиот премиер Бојко Борисов му ветил на српскиот претседател Александар Вучиќ дека до крајот на оваа година автопатот меѓу Софија и Белград ќе биде целосно изграден.
Двајцата лидери се слушнале телефонски за да си ја честитаа новата година и разговарале за инфраструктурното и енергетското поврзување.
Тие заклучиле дека добрососедските односи се одлични и пријателски во сите области од заеднички интерес, соопшти прес-службата на бугарската влада.
Бугарскиот премиер му се пофалил на Вучиќ дека половина година порано од предвиденото во договорот, во ноември минатата година била изградена првата делница од 17 километри на автопатот „Европа“ меѓу Драгоман и Сливница, а другата ќе биде завршена до крајот на оваа година.