Регион 12. февруари 2020. / 18:40

Борел побара од официјален Брисел да му понуди на Западен Балкан кредибилен процес за влез во ЕУ

Борел побара од официјален Брисел да му понуди на Западен Балкан кредибилен процес за влез во ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, оценува дека дипломатијата не може да успее доколку не е проследена со некаква активност. Затоа, како што истакнува Борел, доколку Брисел сака Западен Балкан успешно да помине низ помирување и реформи, на тој регион мора да му понуди кредибилен процес за влез во Европската Унија.

Во авторска анализа на порталот „Проџект синдикејт“, Борел вели дека ЕУ мора повторно да го научи јазикот на моќта и да се разбере себеси како гео-стратешки фактор на највисоко ниво, со цел да се избегне губење на конкуренцијата со САД и Кина.

Во свет во кој доминираат геополитиката и грубата сила, ЕУ мора да ги комбинира својата сила и политичка волја за да има влијание врз настаните, и затоа првенствено мора да ги заштити своите интереси во опкружувањето, и да понуди членство на Западен Балкан во ЕУ и да го награди напредокот на кандидатите на тој пат – истакнува Борел.

Тој особено укажува на неопходноста дипломатијата, помошта и чекорите поврзани со безбедноста првенствено да се насочат на горливите прашања кои се во близина на границите на Европа и истакна дека Либија, Блиски исток, Иран и Сахел, како и вградување на Западен Балкан во структурите на ЕУ се примери каде членките на Унијатра мора да ги преземат своите обврси и одговорности.