Еден маж загина вечерва околу 19.45 часот во експлозија на автомобил, на аголот на улицата „Цар Душан“ и Новиот новосадски пат, во Земун.
Како што јавуваат српските медиуми, во близина на Пупиновиот мост во текот на возење експлодирал мерцедес караван со црна боја.
Екипата на итната помош брзо стигнала на местото на несреќата и го затекнала возачот на автомобилот што експлодирал како не дава знаци на живот.
Полицијата го блокирала тој дел од градот.
Идентитотот на возачот не е објавен.