Лидерот за самоопределување, Албин Курти, ги објави денеска, пред состанокот со косовскиот претседател Хашим Тачи, имињата на пет идни министри и заменици министри на неговата влада.
Се очекува Курти, како лидер на победничката партија на изборите да се номинира како мандатар за идната косовска влада.
Во видео-пораката што ја објави на својот Фејсбук профил, Курти најави дека има во план да го предложи Блерим Река за министер за надворешни работи и дијаспора. Река беше кандидат за претседател на Северна Македонија на изборите во минатата година.
Вицепремиер ќе биде Хаки Абази, позицијата министер за правда ќе ја извршува Албулен Хаџи, министер за финансии – Бесник Бесљими додека Розета Хајдари ќе ја извршува функцијата министер за економија и Арбен Вита ќе биде шеф на Министерството за образование и спорт.