Регион 19. јуни 2020. / 09:15

БиХ, Србија и Косово во друштво на Македонија: Влез во Словенија само со негативен тест или карантин

БиХ, Србија и Косово во друштво на Македонија: Влез во Словенија само со негативен тест или карантин

Словенечката Влада ги заостри условите за влез на патниците од „трети“ земји, односно од држави надвор од ЕУ. Со одлуката, којашто стапи на сила на полноќ, сите што доаѓаат од БиХ, Србија и Косово нема да можат да влезат во СЛовенија без задолжителен 14-дневен карантин или негативен тест за Ковид-19.

Овие држави, каде што има поголемо дневно зголемување на заразени со корона вирус, се ставени на т.н. „црвена листа“ на епидемиолошки несигурни држави каде што од претходно веќе е набројана и Македонија.

Бугарија, која досега беше на „зелениот список“, е прместена на понизок „жолт список“, во кој се вклучени и неколку други земји на ЕУ со полоша епидемиолошка состојба.

Министерот за внатрешни работи на Словенија, Алеш Хојс, објасни дека одлуката е донесена поради ризик од внесување на корона вирусот во Словенија и опасност од евентуален втор бран на епидемијата.