Регион 02. декември 2019. / 17:30

БиХ прифати враќање на 24 свои граѓани од боиштата во Сирија и Ирак

БиХ прифати враќање на 24 свои граѓани од боиштата во Сирија и Ирак

Во Босна и Херцеговина до крајот на оваа недела ќе пристигнат 16 деца и осум жени кои престојувале на територија под контрола на Исламска држава во Сирија и во Ирак.

Одлуката ја донесе Претседателството на Босна и Херцеговина на седница одржана на 29 ноември кога го усвои Заклучокот со кои се прифаќа враќање на 24 државјани на БиХ кои изминатите години престојувале на територијата под контрола на т.н Исламска држава во Сирија и Ирак.

Станува збор за процедура која првично била планирана пред речиси два месеца, но депортирањето е прекинато бидејќи Турција започна воена операција во северниот дел на Сирија.

Децата и жените се државјани на БиХ, кои со возрасни машки членови на семејството во претходните години заминале во Сирија и се придружиле на терористичката организација ИД.

Засега не се знае што ќе се случи со мажите кои од БиХ се придружиле на ИД и нивната депортација не е планирана.