Регион 23. септември 2019. / 18:27

БиХ нема да го екстрадира Здравко Мамиќ во Хрватска

БиХ нема да го екстрадира Здравко Мамиќ во Хрватска

Во соопштението објавено на веб-страницата на таа судска институција се вели дека Апелациониот совет ја потврдил првостепената одлука на Судот на БиХ од 29 август годинава.

Поранешниот извршен директор на Динамо Загреб во јуни, 2018 година беше осуден на шест и пол години затвор поради финансиски малверзации во клубот.

Хрватска поведе кривична постапка против Мамиќ, кој има и државјанство на БиХ, пред окружниот суд во Осијек под обвинение за сторено кривично дело „криминално здружување и злоупотреба на деловната доверба“.

Мамиќ во неколку јавни настапи рече дека не сака да оди во затвор во Хрватска.

Мамиќ има двојно државјанство и според уставните одредби на БиХ, земјата не ги екстрадира своите граѓани, што и се докажа со денешната одлука.