Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина потсетува дека Босна и Херцеговина не ја признава самопрогласената независност на таканареченото Косово и, според тоа, нема ги пддржи апликациите на Косово за членство во меѓународни и регионални организации, па така нема да ја поддржи ниту кандидатурата на т.н. Косово во Интерпол“, се вели во соопштението на Министерството.
„Исклучок од ова правило е учеството во одредени меѓународни и регионални иницијативи во формат што е во согласност со Република Србија, поддржан од голем број земји, вклучително и Босна и Херцеговина. Министерството даде детаљни објаснувања за горенаведената надворешна политика до релевантните институции на БиХ, што е основа за дејствување на претставниците на БиХ на меѓународни форуми“, се додава во соопштението.