Регион 02. декември 2019. / 13:12

БиХ најмногу извезува оружје во Саудиска Арабија, а увезува од Италија

БиХ најмногу извезува оружје во Саудиска Арабија, а увезува од Италија

БиХ во првите десет месеци од оваа година извезла оружје во вредност од околу 161 милиони конвертибилни марки, додека увозот на оружје бил околу 13 пати помал и изнесувал околу 12 милиони конвертибилни марки. Овие бројки ги објави Управата за индиректно оданочување на БиХ (УИО).

Најголем дел од оружјето било извезено во Саудиска Арабија, што претставува повеќе од 32 отсто од вкупниот извоз, или околу 52.741.000 КМ, додека втора на списокот на земји е Египет, каде е извезено оружје во вредност од околу 43 милиони КМ.

Мароко е трета држава на списокот каде извозот на оружје бил околу осум милиони КМ додека во Авганистан извозот е во вредност од 7,8 милиони КМ, соопшти УИО.

Кога станува збор за увозот, БиХ увезла најмногу оружја од Италија во вредност од 3 милиони КМ, како и од Германија, околу 1,3 милиони КМ.

Вредноста на оружјето увезено од Словенија во БиХ е околу 1.315.000 КМ, додека оние увезени од Чешка вредат 1.127.000.

Оружјето увезено од Србија е во вредност од околу 965.000 марки.