Регион 03. февруари 2020. / 17:08

БиХ: Ќе направиме сè земјата да не стане паркинг за мигранти

БиХ: Ќе направиме сè земјата да не стане паркинг за мигранти

Босна и Херцеговина е во очекување на нов мигрантски бран. Заради проблемите со кои се потешко се носи, министерот за безбедност на БиХ, Фахрудин Радончиќ се сретна со хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ како со заеднички сили би се обиделе да пронајдат поефикасен начин за справување со мигрантската криза.

БиХ, вели Радончиќ, не може да ја гарантира контрола на границите, бидејќи капацитети им се ограничени, па оттаму очекуваат Хрватска да ја зајакне границата од нивна страна.

Сè ќе направам БиХ да не биде паркинг за мигранти. Ние сега имаме поголеми приоритети, да го заштитиме нашето население од нападите на одредени мигранти, тоа се млади луѓе помеѓу 25 и 35 години, нема тука бегалци од војна, изјави Радончиќ.

Министерот Божиновиќ порача дека Хрватска ќе се заложи помошта и средствата бидат испатени кон конкретните потреби на безбедносните служби на БиХ.