Регион 29. ноември 2020. / 11:15

БиХ ја надмина Кина по бројот на заразени со коронавирус

БиХ ја надмина Кина по бројот на заразени со коронавирус

Порталот Сараево наведува дека вкупно 86.706 лица заразени со коронавирус биле регистрирани во БиХ од март до саботата, од кои 52.650 лица се опоравиле.

Бројот на смртни случаи како последица на ковид-19 во БиХ изнесува 2.577 лица.

Според најновите податоци објавени на веб-страницата „Worldometers“, од почетокот на пандемијата во Кина се регистрирани 86.501 случаи на коронавирус.

Кина е една од ретките земји која есенва нема зголемување на бројот на новоинфицирани, односно од вториот бран на пандемијата на коронавирусот, потсетува порталот и додава дека Кинезите имаат од пет до 20 нови случаи на ден.

Порталот нагласува дека повеќе од 1,4 милијарди луѓе живеат во Кина, а нешто повеќе од 3,5 милиони луѓе во БиХ.