Советот на министри на БиХ донесе одлука државата од денеска да ги отвори границите за граѓаните на земјите од ЕУ, коишто ќе приложат негативен тест за корона вирус, не постар од 48 часа.
Одлуката е донесена откако подолг период во БиХ се расправа дека поради економијата итно е потребно да се отворат граници за странците, односно туристите, со почитување на епидемиолошките мерки и негативен тест, за да не се загрози здравјето на локалното население.
Претходно, на граѓаните на соседните земји, Србија, Хрватска и Црна Гора, им беше дозволено да влезат во БиХ, за што не е потребен негативен тест за корона вирусот.