Регион 04. јуни 2018. / 13:13

Безмилосно пукање во Нов Белград поради расправија меѓу две деца

Безмилосно пукање во Нов Белград поради расправија меѓу две деца

Во престрелка во Нов Белград, во 21.30 часот, на улицата Гоце Делчев, две лица се повредени, и се однесени во болницата во Земун, јавуваат српските медиуми.

Па расправијата меѓу две деца, таткото на едното од нив дошол во станот каде живеело другото дете и по разговорот со неговите родители при станување да си оди извадил пиштол и почнал да пука во нивните нозе.

При пукањето повредени се во нозете С.Ј. (43), татко на детето (12) и неговата мајка К.Ј (40). Насилниот родител пукал и во бабата, ама не успеал да ја погоди. Детето било присутно во станот и било сведок на ранувањето на родителите.

Пукањето се случило на вториот кат од зградата, а човекот што пукал избегал од местото на настанот.

Напаѓачот е во бегство, а полицијата трага по него.