Регион 16. јули 2018. / 16:02

Бесплатен градски превоз денес во Загреб поради дочек на фудбалерите

Бесплатен градски превоз денес во Загреб поради дочек на фудбалерите

Бесплатен градски превоз денес во Загреб поради дочек на фудбалерите, кои со сребро се враќаат од Мундијалот во Русија. Оваа одлука ја донел градоначалникот Милан Бандиќ.

Во соопштението исто така стоело дека со ова ќе им биде олеснето доаѓањето до градскиот плоштад на сите навивачи од цела Хрватска, но и од другите земји.

На граѓаните им било препорачано да доаѓаат до центарот на градот исклучиво со јавен превоз, за да не се прави метеж во сообраќајот.

Обезбедени биле и посебни паркинг места, како и бесплатно паркирање на одредени локации.