Како што пренесуваат српските медиуми, во раните утрински часови во еден белградски трамвај се случил напад врз девојче, а никој од патниците не се ни обиде да ѝ помогне.
На Фејсбук страницата „Во живо од белградските трамваи и автобуси“ е објавена снимка направена во белградски трамвај на која што може да се види како непознат маж напаѓа девоче за кое што српските медиуми тврдат дека е на 12 годишна возраст.
Пријател на таткото на девојчето ја испратил снимката до српските медиуми, со надеж дека напаѓачот ќе биде откриен од страна на полицијата.
Од белградската полиција потврдија дека нападот врз девојчето бил пријавен и дека се трага по напаѓачот.