Косовската полиција не му дозволи влез во земјата на заменикот директор на српската Канцеларија за Косово Душан Козарев, затоа што претходно не добил дозвола и не ги информирал за посетата надлежните косовски институции.
Информацијата ја објави портпаролот на косовското Министерство за надворешни работи Јетлир Зиберај, кој вели дека Козарев е вратен единствено поради тоа што не ја испочитувач формалната процедура за посети на официјалните лица од едната држава во другата.
– На Козарев, заменикот на (Марко) Ѓуриќ, му е одбиен влезот во Косово од страна на полицијата бидејќи тој не ја запознал Владата на Косово за посетата и за целите на посетата. Доколку го стореше тоа, Владата на Косово ќе му дадеше дозвола. Следствено, ќе му го доделевме и потребното обезбедување. Српските функционери не можат да го посетуваат Косово без да го почитуваат договорот од Брисел, соопшти Зиберај.
Од Белград, во сооштението од Канцеларијата за Косово, велат дека Приштина на претставниците на канцеларијата „им забранува да бидат со својот народ на Косово, со што, „најдиректно се крши договорот за слободата на движење постигнат со Бриселскиот договор.
– Српскиот народ во Косово и Метохија не треба да се плаши од законското насилство на Приштина, затоа што државата Србија отсекогаш наоѓала начини да им помогне на своите луѓе и да го осигурат функционирањето на нивниот институционален систем во Косово“, се вели во соопштението на косовската канцеларија и се додава дека „ЕУ се очекува да заземе став во врска со провокациите во Приштина, кои ги поткопуваат сите предуслови за континуиран дијалог.