Регион 19. јули 2018. / 10:10

Белград и Приштина продолжуваат со дијалог за неколку недели

Белград и Приштина продолжуваат со дијалог за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи се согласиле да го обноват дијалогот за нормализирање на билатералните односи, за неколку недели, пренесе весникот „Газета Експрес“.

Во соопштението на прес-службата на високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, беше нагласено дека Вучиќ и Тачи го разгледале прогресот , направен во дискусиите за работната рамка за постигнување на сеопфатен договор за нормализирање на односите. Донесено е решение средбите да продолжат за неколку седмици.

По вчерашните средби во Брисел, српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека Албанците се обидуваат да добијат сѐ, додека Србија бара компромис. Од друга страна, неговиот косовски колега, Хашим Тачи, истакна дека не постои компромис за прашањето за независноста на Косово. Тачи оцени дека денешниот состанок со Вучиќ бил најтежок во последните шест години колку што се води дијалогот Косово-Србија.