-Ако вака продолжат ќе можат да имаат политички односи само со Абу Бакр ал Багдади (лидерот на ИСИС), така што треба да бидеме трпеливи и издржливи“, кажа Ѓуриќ и додаде дека вистинското лице на албанските власти на Косово се гледа од изјавата на вицепремиерот Енвер Хоџај, кој сака да „направи пак и коалиција против мирот.
-Србите на Косово на достоинствен и мирен начин се кренаа против одлуката на Приштина, лично сум горд на храброста и решителноста кои ги покажаа во изминатите неколку дена, и мирните протести ќе продолжат, кажа Ѓуриќ.
Тој истакна дека за вторник е најавен голем собир на сите Срби од Косово кои ќе се соберат во Косовска Митровица, Грачаница, Штрбац и други места на „мирен, граѓански и христијански“ начин ќе покажат непомирување со мерките.
Ѓуриќ заклучи и дека Србија денес има доволно сила да ги заштити своите граѓани.