Мистериозна бела пена, која ги преплаши мештаните и пожарникарите кои со полна опрема излегле на терен, се појавила во населбата одалечена 3 километри од Бејлео Поле. Пената се појавила од одводот кој води кон реката Лим.
-Не ни дозволуваат да се доближиме до капијата, пожарникарите се под полна опрема, гас маски, чизми… – пишува Подгорички времеплов.
Реката Лим исто така избелела, а пената која се наоѓа на површината изгледа како да е од детергент, шампон или гел за туширање, а најверојатно настанала од несовесно излевање на хемикалии во неа.
Засега непознато е како е создадена, како и на кој начин Лим е загадена.