Во хеликоптер од воен тип Ми-8 МТВ утрово околу 5 часот на итен медицински лет од островот Брач се роди женско бебе, пренесуваат хрватските медиуми.Мајката го родила девојчето непосредно пред слетувањето на хеликоптерот, а среќниот момент го посведочил екипажот.
Пилотот, Себастијан Трепшиќ изјави дека се се одвивало со голема брзина, со оглед на тоа што летот траел околу 10-на минути.„Се протече без компликации, мајката и девојчето се добро и тоа за екипажот беше најубавиот крај на дежурството. Чувството беше прекрасно и ќе го паметиме цел живот. Тоа е она што ја чини убавината на летањето. Освен хумани мисии и спасување на човечки животи имавме можност да посведочиме и раѓање на еден нов живот“, истакна Трепшиќ.