Деветмесечно бебе од Дренас, Косово, кое пред неколку дена беше хоспитализирано со изгореници од трет степен, денеска им подлегна на раните. Веста беше објавена од страна на членовите на семејството на бебето.
Деветмесечното девојче по име Деа, неколку дена беше во кома, додека се бараше помош за нејзино лекување.Таткото на бебето, пред неколку дена, изјави дека неговата ќерка во несреќен случај била изгорена со врела вода, пренесува Експрес.