Регион 09. февруари 2020. / 20:46

Баша до предвремени избори со македонскиот модел за техничка Влада

Баша до предвремени избори со македонскиот модел за техничка Влада

Лидерот на албанската Демократска партија(ПД), Љуљзим Баша, во комуникација со граѓаните на „Фејсбук“, наведува дека партијата и нејзините сојузници од обединетата опозиција, цврсто стојат на барањето за предвремени избори со преодна, техничка влада.

– За излез од кризата – предвремени избори мора да има, со преодна, техничка Влада. Македонскиот модел ќе биде гаранција за слободата на гласот, смета Баша.

Според него, освен ова барање, приоритет за опозицијата е електронското гласање со цел купопродажбата на гласови да биде што потешко остварлива, како и електронско пребројување на гласовите.

Според него овој приоритет на ПД е дел од разговорите околу изборните реформи.

– Тие се крадци на изборите. Освен преодна влада ќе сториме се за да има електронско гласање и електронско броење на гласовите. Овие три нешта се приоритетите на Демократската партија и обединетата опозиција на разговорите за изборните реформи, вели Баша.

Неодамна и лидерот на Републиканската партија и поранешен министер за одбрана Фатмир Медиу порача дека предвремени избори мора да има, како и преодна влада три месеци пред какви било избори „согласно македонскиот модел“.