Регион 20. ноември 2018. / 10:42

Барањето не е усвоено: Косово не стана член на Интерпол

Барањето не е усвоено: Косово не стана член на Интерпол

Барањето на Косово за членство во Интерпол не е усвоено ниту во вториот круг од гласањето, пренесува Спутник.

Против приемот на Косово во Интерпол, гласала 51 земја, 68 биле за, а 16 се воздржале од гласање. Како што пренесовме претходно, вториот круг гласање се одржа откако Косово не успеа да обезбеди доволно гласови за прием во меѓународната организација.

За зачленување на некоја земја во Интерпол потребно е двотретинско мнозинство гласови.