Европскиот комесар за внатрешни работи, Илва Јохансон изјави во средата дека Европската унија наскоро ќе објави список на земји што не се членки на ЕУ кон кои можат да се отворат нејзините надворешни граници бидејќи се олеснети ограничувањата наметнати поради пандемијата на корона вирус.
Јохансон одби да прецизира кон кои земји ЕУ ќе ги отвори границите, особено не коментирајќи за американските државјани. Но, таа рече дека соседите на Европа од Балканскиот регион – Албанија, Босна, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија – треба да бидат на списокот од 1 јули.
Комесарот претходно објави дека ЕУ планира да ги отвори своите надворешни граници во јули, по укинувањето на нејзините внатрешни ограничувања.