Народниот парк во Фридрихсхајн не е многу далеку – само три километри воздушна линија од Бранденбуршката капија. Таму, на сред бел ден, луѓето си запалиле скара, а во паркот обично луѓето шетаат, трчаат, играат фудбал и секако, не вртат јагнешко месо на ражен на сред тревник.
Tierischer #Notruf am Sonntag gg. 13:30 Uhr:
?️>>Sie müssen zum Volkspark #Friedrichshain kommen. Hier laden welche mehrere rohe Schafe – im Ganzen und ohne Haut – aus dem Auto<<
…der Rest ist Geschichte.
?https://t.co/ViAWqLp0re
^tsm pic.twitter.com/lS1sPzywUj— Polizei Berlin (@polizeiberlin) May 7, 2018
Полициските диспечери во Берлин добиле повик “Дојдете, ве молам, во паркот Фридрихсхајн. Таму неколку луѓе изнесуваат овци од автомобили – цели и без кожа”, рекол гласот од другата страна на жицата.
“Децата трчкаа околу врелиот ќумур на сувата треба. А таму..овци. Дванаесет паричиња. Сите се вртеа на ќумурот под Сонцето. Се вртат на батерија. На акумулатори, се подразбира”, пишува берлинската полиција на својата Фејсбук страна.
Околу 150 луѓе од групата прво се правеле “глуви” на предупредувањата, но кога дошле пожарникарите јагнињата морало да се спасат.
“Го правиме тоа веќе 10 години”, рекол еден, пренесува полицијата. Наводно рекле дека така слават Велигден, но веројатно не рекле така, или пак полицијата лошо пренела – во неделата се славел Ѓурѓовден.
Според наводите на полицијата, како што пренесува весникот “Bild”, повеќето учесници на прославата биле од Босна и Херцеговина. Други медиуми пишуваат дека легитимираните имале хрватски или германски документи. Јагнињата, велат, ги купиле кај месар во берлинската населба Вединг, пишува “Deutsche welle”.
Но, по доаѓањето на полицијата се било во најдобар ред, сите соработувале, го отстраниле жарот и ги однеле јагнињата. На некои од нив ќе им стигне казна, а ако немаат среќа таа може да изнесува до 5.000 евра.
Полицијата ја искористила виралноста на оваа објава за да потсети како и каде треба да се прави скара. “Не е важно што се слави, туку како”, соопштила полицијата.