Регион 29. мај 2018. / 10:48

Автобус удри во бензиска пумпа во Косово, две лица загинаа

Автобус удри во бензиска пумпа во Косово, две лица загинаа

Автобус удри во бензиска пумпа во Косово, две лица загинааОбјавено пред 3 минути – 29 мај, 2018Од Mak Fax

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера во косовското село Лугаѓи, кога возач на автобус загуби контрола над возилото и удри во бензиска пумпа.

Во несреќата животот го загубија две лица, а повеќето се борат за живот.

Автобусот кој патувал на релација Приштина-Урошевац удрил во бензиската пумпа, обидувајќи се да избегне директен судар со друго возило.

Несреќата ја снимиле безбедносните камери на објектот.