Во голем број градови во Црна Гора се одржаа таканаречени авто-литии во знак на протест поради усвојување на спорниот Закон за слобода на вероисповед.
На авто-литиите во Плевља, Бар и Плужине учествуваа десетици автомобили, а слично беше и во Никшиќ и во Жабљак, каде што приврзаниците на Српската православна црква во колона со развиоорени српски знамиња и свирејќи поминаа низ градот и приградските населби.
Авто-литиите не беа пријавени во полиција поради што возилата беа запрени, а учесниците евидентирани.
Протестот е организиран со возила поради епидемиолошката состојба предизвикана од епидемијата на корона вирусот.
Литии се одржуваа неколку месеци секој четврток и недела, но беа прекинати во март по воведувањето на мерките за сузбивање на заразата.