Регион 18. јули 2019. / 18:00

Австриската полиција го приведе братот на Рамуш Харадинај

Австриската полиција го приведе братот на Рамуш Харадинај

Пратеникот на Алијансата за иднина на Косово, Даут Харадинај, отпатувал денеска за Австрија каде што во главниот град на оваа држава бил приведен од австриската полиција, јавува Косовапресс.

Полицијата во Виена го приведе Харадинај врз основа на потерница издадена од Србија. Но, извори за Косовапресс дознаваат дека Харадинај веќе е ослободен. Поранешните припадници на ОВК имаат потерници издадени од Србија и често кога патувале низ Европа биле приведени врз основа на овие потерници. Врз основа на истата потерница, беше уапсен и актуелниот премиер Рамуш Харадинај на 4 јануари 2017-та година, од страна на француската полиција на аеродромот во Мулхаус.