Австрија од денеска ги отвора малите трговски објекти, под 600 метри квадратни, откако процени дека доволно ја „израмнила“ својата крива на заразени од корона вирусот.
Се очекува само во Виена да бидат отворени 4.600 продавници. На 1 мај ќе бидат отворени и поголемите магазини и фризерските салони.
Очекувањата се кон средината на мај животот да се врати во нормален ритам.