Регион 14. август 2018. / 11:39

Авни Арифи: Преговорите со Белград се мртви

Авни Арифи: Преговорите со Белград се мртви

Шефот на преговарачкиот тим на Приштина, Авни Арифи изјави дека преговарачкиот процес помеѓу Белград и Приштина веќе некое време е клинички мртов. Како што рече, за тоа се одговорни Белград и Брисел.

Арифи за косовскиот веник „Телеграфи“, како што се наведува во прес клипингот на УНМИК изјавил дека договорите постигнати за време на техничкиот дијалог, во најголем број случаи не се спроведени, а стопирани се и оние чиешто спроведување почнало. Во тој контекст, Арифи го споменува и Договорот за слободно движење.

Косовската страна во меѓувреме, како што наведува Арифи, одобрила воспоставување на Управувачки тим што ќе изготви нацрт-статут на Заедницата на српските општини, но како што вели, тој документ уште не е доставен до Брисел. Не е прецизирано кој би требало да го испрати документот.