Регион 24. мај 2018. / 21:03

Авионот на Тито слета на аеродромот во Тиват (ФОТО)

Авионот на Тито слета на аеродромот во Тиват (ФОТО)

Шеесет години стариот „Даглас DC-6B“ со кој Јосип Броз Тито летал 55 пати, денеска, слета на аеродромот во Тиват, Црна Гора, пренесе РТС.

Авионот на Тито денеска е во сопственост на Ред Бул односно на клубот на стари авиони наречен „The Flying Bulls“ (Летачки бикови).

Овој авион е произвеен 1958 година и бил модернизиран за пречек на специјални патници, а Тито во него за десет години летал 55 пати односно 158 часа.