Регион 24. јули 2018. / 16:31

Авион на летот Кавала – Осло принудно слета во Белград

Авион на летот Кавала – Осло принудно слета во Белград

На белградскиот аеродром во Сурчин попладнево е забележано уште едно присилно слетување.

Авионот „ербас А321″ на компанијата Томас Кук Скандинавија, кој сообраќаше на релацијата Кавала-Осло, поради индикации за дефект, вонредно и безбедно слета во Белград во 14,20 часот.

Авионот го пречека пожарникарско-спасувачката и амбулантна служба на белградскиот аеродром, а причина за интервенција на овие служби немаше. „Сите наши тимови реагираа веднаш и во согласност со меѓународните процедури“ известија од аеродромот „Никола Тесла”.