Регион 06. октомври 2019. / 18:19

Апостолова: Изборите се значаен ден за демократијата во Косово

Апостолова: Изборите се значаен ден за демократијата во Косово

Шефицата на мисијата на Европската унија во Косово Наталија Апостолова ги поздрави граѓаните на Косово што земаа учество на вонредните парламентарни избори во земјата.

Апостолова во своето обраќање до косовските гласачи нагласи дека денешниот ден е исклучително значаен за земјата и изрази задоволство што процесот на гласање се спроведе мирно и согласно изборните правила.

– Денеска е мошне значаен ден за Косово, ова е денот кога демократијата ќе ја каже вистината за тоа што ќе се случува во Собранието – порача Апостолова.

Претставничката на ЕУ најави дека до 19 часот, кога ќе се затворат гласачките места, лично ќе посети неколку од нив.

Европската унија за вонредните парламентарни избори во Косово испрати своја посебна набљудувачка мисија, која денешниот процес на гласање го следи со 58 тимови и во првата половина на изборниот ден оцени дека не забележала посериозни неправилности.