Регион 03. октомври 2020. / 20:55

Анонимни организатори повикуваат на протест во Црна Гора

Анонимни организатори повикуваат на протест во Црна Гора

Анонимен организатор повторно повикува на собир во Подгорица на 23 октомври, со наслов „Државата те вика, немаш друг избор“.

Граѓаните се поканети да се соберат пред Парламентот на Црна Гора, во време кога бројот на заболени од коронавирус е најголем од почетокот на епидемијата.

Поканата се споделува на социјалните мрежи, под мотото „Државата те вика, немаш друг избор!“.

Порталот „Ја сакам Подгорица“ пишува дека зад овој повик стои опозициската ДПС на претседателот Мило Ѓукановиќ.