Амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет, му порача на лидерот на партијата Движење Самоопределување Албин Курти, кој се очекува да биде иден премиер на Косово, да излегува на терен и да се среќава со граѓаните, без оглед на нивната припадност.
Во интервју за косовската јавна телевизија РТК, Коснет рече дека Курти не треба да се однесува како премиер на северна Албанија.
– Албин Курти треба да излезе на терен и да се среќава со граѓаните, без оглед на нивната припадност, а не само со политичарите. Треба да им докаже дека ќе биде премиер на сите граѓани на Косово и да не се однесува како премиер на северна Албанија – изјави американскиот амбасадор.
Во врска со барањата за корекции на границите меѓу Косово и Србија, Коснет рече дека тоа никогаш не била американска идеја и нагласи дека Вашингтон ќе го поддржат секој договор кој ќе произлезе од консензус меѓу двете земји.