Регион 17. април 2020. / 21:30

Американскиот амбасадор ја критикува расистичката, сексистичка и хомофобична реторика во Косово

Американскиот амбасадор ја критикува расистичката, сексистичка и хомофобична реторика во Косово

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави на Косово, Филип Коснет, упати критики на политичката реторика во земјата, која, според него, често преминува во деградирање, расизам, сексизам и хомофобија.

Коснет смета дека на тој начин се понижуваат луѓе врз основа на етничката и родовата припадност или сексуалната ориентација.

Американскиот дипломат им порача на косовските политичари да ги обесхрабруваат тие што се користат со јазик на омраза и да се служат со факти, наместо со навреди.

Политичката реторика во Косово често деградира и понижува. Лидерите имаат одговорност да го обесхрабруваат таквото нагрдување. Фокусирајте се не факти, не на навреди – порача Коснет преку својот Твитер.