Американскиот амбасадор во Словенија, Брент Хартли во разговор за љубљанскиот неделник Reporter изразува зачуденост од благите ракции на Словенија во врска со нападот со нервен агенс во Велика Британија и порачува дека Љубана мора да донесе долгорочна процена што е нејзин интерес: „демократските вредности на Западот“ или, пак, „рускиот модел на општество“.
Во разговорот за неделникот кој е близок на конзерватвината опозиција, американскиот амбасадор Брент Хартли изразува „зачуденост” од одлуката на Словенија да не се придружи на поголемиот дел земји членки на ЕУ и сојузниците во НАТО кои по нападот со нервен агенс во англиски Солсбери врз поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка ја обвинија Русија за тоа и се одлучија за потерување на руски дипломати. Хартли ценува дека на оваа „дипломатска иницијатива” на повечето европски земји и челнки на НАТО и партнерски земји како Македонија, треба да им се пидружи и Словенија, како и дека за тоа „уште има време”.
„Русите покажаа дека се подготвени на дејствување коешто ја дестабилизира Европа или другите региони во светот”. Од голема важност од меѓународната заедница упати јасна порака до Москва дека таквите постапки се целосно неприфатливи”, вели Хартли, додавајќи дека и натаму треба да се има надеж дека односите со Русија ќе се поправат.
На прашањето за наклонетиот однос на Словенците кон Русите, вели дека е свесен за тоа и дека го „шокира проруската ориентација на поголемиот дел од Словенците”, пренесе во вторникот словенечката службена новинска агенција STA.