Регион 05. јули 2018. / 16:26

Амбасадорот на САД во Тирана: Албанија не се пресмета со балканскиот Ескобар!

Амбасадорот на САД во Тирана: Албанија не се пресмета со балканскиот Ескобар!

Американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу, ја обвини владата во Албанија заедно со обвинителството и полицијата дека потфрлиле во врска со пресметката со албанскиот државјанин Клемент Балили, кој го нарече „Балкански Ескобар“.

Американскиот дипломат на настан одржан во Тирана под наслов ,,Силата на законот во акција – достигнувања и предизвици“, рече дека цели две години владата, обвинителството и полицијата во Албанија не сториле ништо во врска со апсењето на босот на организираниот криминал, Клемент Балили, кој е познат и како „Балкански Ескобар“.

„Албанските институции немаа доволно активности и желба за да се уапси Балили“, истакна американскиот амбасадор во заминување, Доналд Лу.

На средбата во присуство и на албанскиот премиер Еди Рама и министерот за внатрешни работи, Фатмир Џафај , американскииот дипломат оцени дека Албанија има успеси во сузбивањето на криминалот, но никој не смее да биде над законот, како што е случајот Балили, за кој укажа дека има криминално досие за организџиран криминал кој е поврзан и со политиката.

Албанскиот премиер, Еди Рама, на средбата му одговори на амбасадорот на САД дека Балили ќе биде фатен, а нема конкретни резултати бидејки тој не е во земјата. И Рама призна дека балканскиот Ескобар имал поврзаност со политиката бидејќи, како што рече, до пред 2 години бил директор на транспорт во Саранда.