Регион 15. август 2018. / 21:58

Амбасадорот на САД во Приштина: Косово не е правна држава

Амбасадорот на САД во Приштина: Косово не е правна држава

Оставката на обвинител од специјалното обвинителство е лоша за владеењето на правата на Косово, особено ако претходела закана. Ова на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ го напиша американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави.

Имено, приштинските медиуми пренесоа дека обвинителот во косовското специјално обвинителство, Елез Бљакај, поднел пред два дена оставка. „Тажен сум за владеењето на правото на Косово кога специјален обвинител се чувствува принуден да поднесе оставка поради закани и недостиг од поддршка. Особено е вознемирувачки што работеше на случаи како масовна измама со пензии“, искоментира Делави.

Веста за оставката ја потврди главниот обвинител на специјалното обвинителство, но рече дека обвинителството не било запознаено со причините.