Регион 18. септември 2018. / 12:51

Амбасадорот на САД во Косово: САД продолжуваат со безрезервната поддршка за Косово

Амбасадорот на САД во Косово: САД продолжуваат со безрезервната поддршка за Косово

Претсдедателот на косовското Собрание Кадри Весели го прими денеска во проштална посета амбсадорот на САД, Грег Делави, кој наскоро ја завршува дипломатската мисија во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти собраниската служба за информирање, Весели му се заблагодарил на американскиот амбасадор за „незаменливиот придонес во развојот на многу позитивни процеси“ во Косово, како и за извонредната соработка во изминатите три години, колку што траеше неговиот мандат во Приштина.

Весели изрази посветеност за продолжување на соработката и со новиот дипломатски претставник на САД во Косово.

Делави, се вели во соопштението, изрази задоволство што во изминатиот период службуваше во Приштина и нагласи дека „САД ќе продолжат со безрезервната поддршка за Косово во неговиот напредок и во соочувањата со предизвиците што се пред него“.

Американскиот амбасадор на крајот на неговиот мандат беше одликуван со државни ордени од страна на премиерот Рамуш Харадинај и претседателот Хашим Тачи, во знак на благодарност за се што направи за земјата во изминатите три години.

На Делави деновиве му завршува службата во Косово, а американскиот претседател веќе го номинира Филип Коснет за нов амбасадор во Приштина