Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, на Твитер напиша дека ЕУ останува цврсто определена во својата заложба да го донесе албанскиот народ во Европа.
– Заложбата на Европа за интеграцијата на Албанија во ЕУ останува цврста. ЕУ ќе продолжи силно да го поддржува патот на Албанија кон ЕУ, да го донесе албанскиот народ во семејството на кое му припаѓа – порачаСореца.
….the only path that will bring Albania towards its destination. Not for the EU, but for Albania and for all its citizens, for the progress of the country toward higher standards in terms of #democracy and #ruleoflaw”. #EUforAlbania????
— Luigi Soreca?? (@LSorecaEU) October 25, 2019
Сореца ги повика албанските власти да продолжат да се фокусираат за продолжување на реформите „многу повеќе за нивната земја и граѓаните, отколку за Европа“, додавајќи дека изборната реформа е единствениот пат што ја носи Албанија во ЕУ.
– Албанските власти мора да продолжат да се фокусираат на реформскиот процес, единствениот пат што ќе ја одведе Албанија до нејзината дестинација. Не за ЕУ, туку за Албанија и за сите нејзини граѓани, за напредокот на земјата кон највисоките стандарди кога станува збор за демократијата, напиша евроамбасадорот Сореца.