„Земјите од регионот се соочуваат со сложени внатрешно-политички прашања за кои не можат лесно да се најдат одговори, а предизвикот е поголем, бидејќи не попуштаат и надворешните притисоци, ниту предизвици“, нагласи началничката на Генералштабот на словенечките вооружени сили, генерал мајор Аленка Ерменц.
Посебно ја загрижува враќањето на странските борци и големиот број мигранти, кои се уште се во регионот.
Во интервју за подгоричка Побједа таа изјави дека дека земјите од регионот во последно време се соочуваат со различни безбедносни предизвици, кои во повеќето случаи бараат заеднички одговори, затоа што современите предизвици не обрнуваат внимание на националните граници.
Според неа, во регионот не може да зборува за трка со вооружување, туку за модернизација на армиите и набавка на потребното и планираното оружје и опрема.