Регион 27. јули 2018. / 19:33

Александар Вучиќ: Се надевам дека САД ќе ги почитуваат суверенитетот и независноста на српскиот народ

Александар Вучиќ: Се надевам дека САД ќе ги почитуваат суверенитетот и независноста на српскиот народ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека се надева и дека верува дека Америка ќе ги почитува суверенитетот, независноста и слободата на српскиот народ и државата, како што Србија ги почитува слободата, силата и независноста на САД.

„Едни со други да се почитуваме и Америка да ја почитува Србија како што Србија ја почитува Америка“, кажа Вучиќ.

Српскиот претседател ова го кажа на отворањето на изложбата „Кралството Србија и Соединетите Американски Држави“ во Архивот на Србија.

Тој истакна дека ова е важен ден во историјата на Србија и дека верува дека односите на Србија и САД се повеќеслојни, повеќезначни, како и дека Србија мора да тежнее кон што подобри односи со најголемата светска сила.

Вучиќ кажа и дека последните 30 години во односите со САД било тешко, дека Србија и Америка околу малку витални нешта се согласувале.

Наведе дека Србија не очекува од САД нешто повеќе од она што тие во согласност со своите интереси можат да го дадат, но и дека ни Србија не може да пружи повеќе од тоа што ѝ дозволуваат нејзините интереси.

„Америка може да ни помогне со тоа што ќе нѐ слушне како рамноправен соговорник кој не моли туку аргументирано ги застапува своите интереси. Повеќе од тоа немаме што да бараме“, кажа српскиот претседател.

Како што истакна, сѐ што сака Сербија е пријателство и партнерство и во мир заедно со САД да создава нови (Никола) Тесли и (Михајло) Пупини.