Денеска се одржаа избори на Косово, на кои се бираа 120 членови на Собранието.
На неколку часа пред официјализирањето на резултатите, сите анкети покажуваат дека движењето Самоопределување, предводено од Албин Курти, ќе биде сигурен победник.
Како што пишува „Коха.нет“ движењето „Самоопределување“ на Албин Курти освои повеќе од 50 проценти од гласовите на изборите, што значи дека тој ќе може самостојно да ја формира следната влада.
На второ место со 15,4 проценти од гласовите е Демократската партија на Косово, а само 0,3 проценти помалку гласови има Демократската лига на Косово предводена од Иса Мустафа.